50 нови инвестициски советници ќе делат совети!

Bez autora
Dec 15 2011

Македонија доби 50 нови инвестициски советници кои беа дел од обуката на втората генерација организирана од Комисијата за хартии од вредност на РМ. Обуката е потпомогната од УСАИД и во неа учествуваа околу стотина кандидати, а само 50 од нив вчера добија Уверение за положен стручен испит за инвестициско советување. Тие ова свое усовршување и знаење можат да го искористат при нивното понатамошно работење во банкарскиот сектор, но и во инвестициските фондови. Според Марина Наќева-Кавракова, претседател на Комисијата за хартии од вредност на РМ, инвестициските советници, како експерти за пазарот на хартии од вредност, може да ги советуваат клиентите при купување и продавање акции и обврзници, со цел правилно да ги вложат своите средства. Тие ги следат берзанските случувања, изработуваат анализи за вредноста, квалитетот на акциите, имаат право да им ги препорачуваат на граѓаните и на компаниите предностите и ризиците од купувањето хартии од вредност.

50 нови инвестициски советници ќе делат совети!Македонија доби 50 нови инвестициски советници кои беа дел од обуката на втората генерација организирана од Комисијата за хартии од вредност на РМ.

Обуката е потпомогната од УСАИД и во неа учествуваа околу стотина кандидати, а само 50 од нив вчера добија Уверение за положен стручен испит за инвестициско советување. Тие ова свое усовршување и знаење можат да го искористат при нивното понатамошно работење во банкарскиот сектор, но и во инвестициските фондови.

Според Марина Наќева-Кавракова, претседател на Комисијата за хартии од вредност на РМ, инвестициските советници, како експерти за пазарот на хартии од вредност, може да ги советуваат клиентите при купување и продавање акции и обврзници, со цел правилно да ги вложат своите средства.

- Тие ги следат берзанските случувања, изработуваат анализи за вредноста, квалитетот на акциите, имаат право да им ги препорачуваат на граѓаните и на компаниите предностите и ризиците од купувањето хартии од вредност - посочи Наќева-Кавракова.

Во обуката учествуваа бројни познати македонски професори и експерти од овој сектор, меѓу кои и професорот Томе Неновски, Владимир Филиповски, како и професорот на Економскиот факултет при Европскиот универзитет РМ, Панче Јовановски.

На промоцијата присуствуваше и американскиот амбасадор во земјава, Пол Волерс, кој посочи дека Владата на САД преку УСАИД тесно соработуваше со Комисијата за хартии од вредност со цел подобро да се развие пазарот на капитал во Македонија.

- Комисијата цврсто ја покажа својата определба да го зајакне пазарот на капитал преку вклучување на меѓународните практики во меѓународното образование на своите учесници - посочи амбасадорот Волерс.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik